Министерката за одбрана Радмила Шекеринска имаше прес конференција на која ги истакна придобивките од членството во НАТО, како и поддршката која ја доби земјата со ратификација на протоколот.
–Денеска ми е задоволство што можам да честитaм за ратификацијата од страна на САД. Mожеме да потврдиме дека успешно ја реалзиравме една од двете најважни стратетшки цели, цел за која се зборуваше 30 години, а сега е на чекор до исполнување. Овој успех не падна од небо. Не го добивме на подоарок, туку го заслуживме и одработивме. Прва должнсот на секоја влада е да ја одржува својата земја безбедна. Пред две и пол години имавме изолирана држава, политичка криза, силна конфротација, НАТО и ЕУ беа мисловна именка, имавме критики од домашниот и меѓународни медиуми. Денеска сакам да ги одбележам оние успеси кои ги реализравме – посочи Шекеринска.
Таа додаде дека должност на секоја влада е да ги остварува задачите за кои општеството се обединило.
–Трисесет години граѓаните на оваа држава бараа членство во НАТО. Трисесет години партиите беа разединети за други работи, но обединети за членство во НАТО. Тоа е Алијанса која чува една милијарда луѓе, вели Шекеринска.
Министерката исто така, нагласи дека да се биде дел од клубот сите за еден еден за сите е не само гаранција за сигурност, туку и порака до светот. Тоа е предуслов за отворање нови работни места, бидејќи само сигурни инвеститори се храбри.
–Да се биде дел од овој клуб е шанса на домашните компании да учествуваат на големиот НАТО пазар, како и другите фирми и претпријатија. тоа се придобивки за економијата и државата – потенцираше Шекеринска.