Македонија 10. јули 2019. / 16:12

Шекеринска: Се води специјална војна за да се загрози патот на Северна Македонија кон НАТО

Шекеринска: Се води специјална војна за да се загрози патот на Северна Македонија кон НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, коментирајќи го случајот телефонските разговори на премиерот Зоран Заев со руските пранкери, денеска рече дека мора да се навикнеме оти во периодот зад нас и најверојатно во текот на следната година ќе бидеме цел на различни типови на хибридни, сајбер и друг тип на напади, чија е цел е да го загрозат нашиот пат до членство во НАТО.

Овој тип на специјална војна, на хибридни закани, изјави денеска Шекеринска по посетата на Центарот за обука на пилоти во Петровец, не се нешто ново и брзо ќе треба да се прилагодуваме кон овие нови закани. Во такви ситуации, според неа, нема да се бираат средства и напомена дека истиот инструмент бил искористен и со генералниот секретар на НАТО, со францускиот претседател и со серија први луѓе во меѓународната политика.

Таков тип на упади и закани ќе продолжат. Во овој напад не е пробиено ништо од нашата безбедносна содржина и заради тоа не може да стане збор за загрозување на нашите стратешки приоритети. Но и ние треба целосно да си ја менуваме безбедносната култура“, е пораката од Шекеринска.

Сепак, таа нагласи дека и во овие разговори покажале дека премиерот на секое ниво и со секој соговорник ги држи истите позиции, а тоа се позиции, рече, кои ги браниме и пред своите граѓани и пред сите други.