Радмила Шекеринска во своето гостување на Канал 5 рече дека Македонија до полноправното членство мора да го ратификува Протоколот за НАТО во Собранието.
-Очекувам сите кои барем еднаш кои го спомнале НАТО да гласаат за Законот за одбрана – рече Шекеринска појаснувајќи дека по 2012-та година во сите извештаи имало стагнација во поглед на основните демократски вредности и заклучоци кои како што вели министерката за одбрана не враќале назад.
На прашањето кој ќе биде технички премиер вицепремиерката рече:
-Мој фокус во изминативе 2 ипол години беше да го постигнеме членството во НАТО и да не дозволам никакв кикс на тој план. Да не ја трошиме енергијата на погрешни прашања, на постојаното лицитирање кој ќе биде технички премиер.