Македонија 19. мај 2020. / 22:57

Шекеринска не знае да каже кога Македонија ќе почне преговори со ЕУ

Шекеринска не знае да каже кога Македонија ќе почне преговори со ЕУ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денес се соочија на ТВ дуел на телевизија 24.

Николоски ја праша Шекеринска кога Македонија ќе започне преговори за влез во ЕУ, но таа немаше одговор.

На кој датум ќе почнат преговорите, праша тој.

Шекеринска не знаеше што да каже.

Не, ние добивме почеток на преговори. На кој датум добивме? Ќе почнат преговорите на првата меѓувладина. Чекајте, чекајте. Вие сакате во име на земјите членки вие и јас да донесеме одговор?-рече таа.

Николоски по дебатата посочи:

„Денес на дебатата Радмила имаше проблем да каже на кој датум ќе почнат преговорите. И помогнав, и кажав дека додека криминалците од СДСМ се на власт, Македонија нема да почне преговори со ЕУ“!