Македонија 30. октомври 2018. / 16:35

Шекеринска ги осуди скандирањата на воената парада во Грција против Договорот од Преспа

Шекеринска ги осуди скандирањата на воената парада во Грција против Договорот од Преспа

Скандирањата на воената парада во Грција против Договорот од Преспа не се во духот на пријателство и создавањето добрососедски односи, оцени денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Таа додаде дека од моментот кога е потпишан договорот, и во Грција и во Македонија постојат групи на луѓе кои се противат на новиот дух.

Како што објавија грчките медиуми, на завчерашната воена парада во Солун, одредени членови на воените единици извикувале „Македонија е грчка“, додека поминувале покрај ВИП ложата, каде биле сместени претседателот на Грција и други делегации.