Mинистерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на синоќешната панел дискусија во Куманово посветена на придобивките од членството на нашата држава во НАТО рече дека членството во НАТО значело дека влегуваме во еден систем на колективна безбедност и дека каков било напад на државата значи напад на сите останати 29 земји – членки.
–Освен политички знак, членството во Алијансата е и знак за позитивните економски трендови. Во годината во која што ја добивме НАТО-поканата, ние имавме четири пати повеќе странски инвестиции од претходната година, односно повеќе од вкупните инвестиции во 2012, 2013 и 2014 година. НАТО-членството има и позитивна политичка, но и позитивна економска страна – истакна Шекеринска.
Таа додаде дека на земјава наскоро и претстојат одлуки кои, според неа, ќе покажат дека граѓаните немаат дилема околу нашата евроатлантска ориентација.