Македонија 30. јуни 2018. / 16:35

,,Село гори, баба се чешла” – Премиерот Заев се релаксира и плива на Халкидики (ФОТО)

,,Село гори, баба се чешла” – Премиерот Заев се релаксира и плива на Халкидики (ФОТО)

Грчко радио го „улови“ македонскиот премиер Зоран Заев како плива и се одмора на едно од туристичките места на Халкидики по циклусот дипломатски средби низ Европа.

Заев се одмора со својата сопруга и во придружба на еден од вицепремиерите со сопругата.и го поминува викендот на Халкидики, објави радиото „Тесалоники“.

Според грчкото радио, Заев ќе преноќи во еден од камповите на првиот крак на полуостровот, Касандра, и утре се враќа во Македонија. Престојот на Заев во Грција е исклучиво приватен и не се предвидени никакви средби со грчки политичари или функционери.