Предвремени парламентарни избори се можна опција доколку тоа биде потребно за да се постигне цензусот за референдумот.
Премиерот Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека сите опции се отворени.
„Опозицијата кога бара предвремени избори, сум бил пред една година опозиција, знам дека е вредно за се да се разговара. Секако ако ова го гарантира успешниот референдумски процес, како процес зборувам, граѓаните ќе си кажат на самиот процес, но да успее процесот, да го постигнеме цензусот, да ги мотивираме граѓаните да излезат, по вакво историско прашање, сите опции се отворени, па дури и оваа“, одговори премиерот.