Граѓаните од избирачкото место на претседателот на Собранието Талат Џафери, масовно и европски гласале во попладневните часови.
Во селото Флорино, гостиварско, во избирачкото место бр. 500, во 2014 година излегле 201 гласач, односно 52%. Во 2017 година на локалните избори, на ова место гласале 128 граѓани, односно 31%.
На ова избирачко место во 2018 година граѓаните активно гласале по 15 часот, односно според податоците од Државната изборна единица, на ова место се гласало вака:
Во 15 часот излегле 115 гласачи, односно 27,91%.
Во 17 часот излегле 294 гласачи, односно 71,36%.
Во 19 часот излегле 323 гласачи, односно 78,40%.
Според ова, од 15 до 17 часот гласале 179 граѓани, или на секои 40 секунди по еден гласач.
Оваа бројка отвора сомнеж за можни неправилности во однос на гласањето на референдумот.

