Македонија 15. август 2020. / 20:33

Се е на продажба: Заев нуди се што ќе побара ДУИ за пак да биде премиер

Се е на продажба: Заев нуди се што ќе побара ДУИ за пак да биде премиер

Тече и вториот ден од добивањето на мандатот на Зоран Заев од страна на претседателот Пендаровски за да направи влада.  Преговорите со стариот коалициски партнер ДУИ не одат во посакувана насока, па затоа Заев во стил на искусен коцкар игра на принципот „All in“, односно нема нешто што не може да го понуди.

Па така, извори во двете партии потврдуваат дека Заев за да стигне до неопходните 61 потпис за да направи Влада, тој веќе го понудил Министерството за внатрешни работи, УЈП или финансии, а подготвен бил да разговара – прв човек на ДУИ да застане и во дипломатијата.

Но, тука се јавува друг проблем, а тоа е што Заев покрај ДУИ треба да ги задоволи и останатите албански партнери, а тоа се Беса и ДПА.

Гласовите на Беса беа клучни Заев да направи разлика од два претеници во шестата изборна единица и Касами нема да ја пропушти можноста тоа добро да го наплати. Згора на тоа Мендух Тачи веќе се изјасни дека бара вицепремиерско место и финансиската полиција.

Очигледно е дека Заев ја става и државата на распродажба само да се врати на премиерската функција и да го доврши она што од него се бара како на внатрешен така и на надворешен план. Дека двете партии се блиску до договор потврдува и заедничкото соопштение дека

„ Започнале процес на разгледување на поделбата на одговорностите во следната коалиција, како и предлозите за, како што потенцираат, соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат целосно да ја спроведат програмата во следните четири години“

Засега оваа распродажба од страна на Заев може да ја спречи Уставниот суд доколку дојде иницијатива за оценување на доделениот мандат од страна на Пендаровски.