Наместо за реформите во судството и напредокот на државата, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за имотот на партијата
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека не се грижи за напредокот на државата, туку дека е против правдата, против правната државата и против неселективното владеење на правото, велат од СДСМ преку соопштение.
Недвосмислена потврда за тоа е јавно изнесениот став на Христијан Мицковски во однос на Законот за јавно обвинителство со кој Мицкоски и штети на правната држава, велат оттаму.
Мицкоски го поврзува Законот за Јавно обвинителство со имотот на партијата, а од ВМРО-ДПМНЕ уценуваат за да се амнестираат од судските процеси што се водат против нив, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ обвинуваат дека со ова Мицкоски потврдува дека имотот на партијата и одбраната на криминалот во ВМРО-ДПМНЕ му се поважни од реформите во судството, кои се од особено значење за напредокот на државата.
„Ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ раководена од Мицкоски е всушност управувана од Груевски од Будимпешта.
Затоа на 12 април, граѓаните масовно ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“, е наведено во соопштението на партијата.