Македонија 05. јули 2019. / 10:45

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже за скандалот со Рашковски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже за скандалот со Рашковски

СДСМ соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ лаже за скандалот со генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, за јавната набавка во М-НАВ.

– Иако лагите на ВМРО-ДПМНЕ за јавната набавка во М-Нав се целосно демантирани и разобличени, од белиот дворец не престануваат да шират лажни вести на оваа тема. – соопштуваат од СДСМ.

Тие потенцираат дека ВМРО-ДПМНЕ му наредува на Обвинителството да покрене постапка поротив Рашковски и да побара притвор.

– ВМРО-ДПМНЕ освен што шири лажни вести, се дрзнува јавно да му наредува на обвинителството како и со какви мерки да постапува. Времето кога ВМРО-ДПМНЕ нарачуваше притвори и пресуди заврши со нивното заминување во опозиција.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Белиот дворец останува симбол на криминалот, лагите и деструкцијата, Христијан Мицкоски останува главен извор на лажни информации и невистини. – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.