Македонија 03. јули 2019. / 09:33

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се симбол за лаги

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се симбол за лаги

Христијан Мицкоски да им се извини на граѓаните за лагите што тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги шират секојдневно, велат во своето соопштение од СДСМ.

Од СДСМ велат дека последната лага од кујната за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ, сценариото за јавната набавка за М-Нав вчера беше целосно разоткриена.

По којзнае кој пат се покажа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се симбол за лаги, конструкции и измислици.

Освен одбрана на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски и ширење лажни вести, Мицкоски не може да понуди ништо што е во интерес на граѓаните и државата.

Со таквото однесување, граѓаните го препознаваат Христијан Мицкоски како извор на лажни вести, а ВМРО-ДПМНЕ како извор на деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните, стои во партиското соопштение од СДСМ.