Македонија 15. јули 2019. / 17:12

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е виновникот за уништувањето на Охрид, а ние го заштитуваме културното богатсво

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е виновникот за уништувањето на Охрид, а ние го заштитуваме културното богатсво

Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, после 11 годишниот пустош што му го направи на Охрид и Охридскиот регион, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференција на Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ бил директен виновник за уништувањето на културното и природното богатство поради целиот игнорантски однос на препораките на УНЕСКО од една стрнаа, и нивниот целосен фокус на криминал од друга страна.

Охриѓани многу добро знаат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ целосно го разобличи ликот на Плаошник, додааваат тие и
велат дека граѓаните убаво се сеќаваат и на белосветските измамници како Субрата Рој кои Груевски ги најавуваше како странски инвеститори.

Од СДСМ велат дека Охрид и Охридскиот регион беа во немилост на криминалната ориентација на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, Владата предводена од СДСМ, Општина Охрид, експертската јавност и невладиниот сектор интензивно и посветено работат на исполнување на препораките на УНЕСКО. Владата предводена од СДСМ и надлежните институции ќе направат се да се спроведат препораките од УНЕСКО и да се заштити природното и културно богатство на Охрид и Охридскиот регион – стои во реакцијата на СДСМ.