Македонија 12. јули 2020. / 17:57

СДСМ: Со „влегувам во оваа работа“ Заев кажува дека „влегува во борба со криминалот и корупцијата“

СДСМ: Со „влегувам во оваа работа“ Заев кажува дека „влегува во борба со криминалот и корупцијата“

По објавената аудио снимка на која се слуша гласот на Зоран Заев како зборува за зделка со рекет вредна шест милиони евра, со соопштение за јавноста се огласија од СДСМ.

Во својата реакција, од СДСМ велат дека зборовите на Заев „јас влегувам во оваа работа“ значеле влез во борба со криминалот и корупцијата, иако за информацијата дека адвокатот Димишков зборува за рекет вреден шест милиони евра не информирал до Обвинителство за да го испитаат случајот.

„На последниот ден од кампањата за парламентарните избори и официјално зариба машината за лажни вести во белиот дворец.

Конечно цела јавност гледа како звучи сечено-лепено. Во очаен обид да исценира некаков скандал во белиот дворец до толку се занеле во сечењето што на крајот заборавиле да го исечат она Марш од претседателот Заев во разговорот.

Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, „јас велам МАРШ“ и влегува во борба со криминалот и корупцијата. Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција.

Тоа ќе се потврди и на 15 јули со нив силен пораз за ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, последните бранители на криминалот и одговорност за секој што го прекршил законот!“ – се наведува во реакцијата на СДСМ.