Двајцата вработени во Град Скопје, Ј.С. и Е.С. кои утринава се приведени од работно место, се кадри на ДУИ – дознава Лидер од извори во Град Скопје.
Вработените се уапсени во екот на кавгата помеѓу СДСМ и ДУИ во Собранието, која тече во ист момент со преговорите за т.н. консензуален претседателски кандидат.
Официјалната верзија за која информираше портпаролот на МВР Тони Ангеловски е дека функционерите на ДУИ се уапсени поради сомнение за злоупотреба на службена положба, компјутерска измама и компјутерски фалсификат.
Станува збор за шалтерски работници од секторот за даночни пријави.
Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот, а за повеќе информации јавноста дополнително
ќе биде известена.