Македонија 14. јануари 2019. / 16:16

СДСМ: Пропустите на ВМРО-ДПМНЕ во здравството се чувствуваат, но штетите се санираат со брза акција

СДСМ: Пропустите на ВМРО-ДПМНЕ во здравството се чувствуваат, но штетите се санираат со брза акција

Од СДСМ реагираа на изјавата во која ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за здравство Венко Филипче поради случајот со погрешните декларации на МРП вакцините. Како што велат, опозициската партија додека беше на власт го уништуваше здравството, внесе недовреба со паралелниот увоз, а денес со лажни вести се обидува да шири неоснована паника

-Епидемијата на морбили што се појави е ставена под контрола. Денес се употребуваат проверени и сигурни вакцини, едни од најдобрите произведени и увезени од Белгија. Граѓаните се навремено и точно информирани, единстевно врз основа на факти и медицински докази, се вели во соопштението.

Од владејачката партија додаваат дека падот на опфатот на имунизацијата е директна последица од загубената доверба на граѓаните кон здравствениот систем.

-Со доаѓањето на владата предводена од СДСМ веднаш се смени законот за лекови и медицински средства. Сега за секој лек во земјава мора да има два сертификати: за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. Нема повеќе неквалитетни лекови кои доаѓаат од сомнителни земји и довербата кај граѓаните постепено се враќа, велат од СДСМ.