Македонија 24. октомври 2018. / 18:07

СДСМ: Пионот Мицкоски и раководството на ВМРО ДПМНЕ не знаат што значи помирување

СДСМ: Пионот Мицкоски и раководството на ВМРО ДПМНЕ не знаат што значи помирување

СДСМ се јави со реакција на пресот на Стоилковски. Тие сметаат дека раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоскине знае што значи тоа помирување и национално обединување.

„Пионот Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да сфатат дека заврши времето кога некој монтираше случаи и диктираше судски пресуди. Ниту законодавната, ниту извршната власт не можат и не смеат да се мешаат ниту пак да влијаат врз судството.

На Македонија и е потребно помирување и национално обединување околу иднината на државата, околу стратешките интереси за членство во ЕУ и НАТО. Овој процес започна од Собранието и ќе продолжи во интерес на Република Македонија.

Пионот на Мицкоски раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да разберат дека помирувањето не значи ослободување од одговорност за криминал, правда мора да има.

Македонија е правна држава, има независно судство коешто работи неселективно и единствено според законските прописи.“ се вели во соопштението.