Македонија 20. декември 2018. / 19:32

СДСМ: Очекуваме конструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ да продолжи и при носење на Законот за медиуми

СДСМ: Очекуваме конструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ да продолжи и при носење на Законот за медиуми

Независноста на медиуми е врвна демократска вредност, очекуваме најавената конструктивност на ВМРО-ДПМНЕ да продолжи и во процесот на носење на Законот за медиуми, велат од СДСМ.

-По година и половина блокада на носење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по година и половина од држење во заложништво на медиумите, добро е што ВМРО ДПМНЕ реши да биде конструктивна и да ги одблокира неопходните законски решенија. Очекуваме најавената конструктивност на ВМРО ДПМНЕ да продолжи и во процесот на носење на Законот, во неговата имплементација и изборот на телата на АВМУ, додаваат од партијата.