Македонија 13. јули 2019. / 12:59

СДСМ: Ние ги враќаме парите кај граѓаните, кои ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги грабаше

СДСМ: Ние ги враќаме парите кај граѓаните, кои ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги грабаше

Арамиите од белиот дворец, од ВМРО-ДПМНЕ, упорно се противат на повратот на пари кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е против мерката за враќање на 15% од ДДВ назад кај граѓаните, против тоа 50 милиони евра годишно да завршат кај народот. ВМРО-ДПМНЕ е против ефтината тарифа на струјата, против тоа 11 милиони евра годишо да завршат кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е против зголемена социјална помош од 300%. ВМРО-ДПМНЕ е против можноста за поврат на персонален данок за земјоделците, против тоа 200 милиони денари да се вратат кај земјоделците, велат СДСМ.

Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ е против намалувањето на ДДВ за парното од 18 на 5%.

ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на минималната плата, против тоа 90 илјади работници да земаат поголема плата. Арамиите од ВМРО-ДПМНЕ се против секоја мерка која носи пари кај граѓаните, во секое семејство. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ 11 години земаше, грабаше пари од граѓаните. СДСМ враќа пари назад кај граѓаните, велат од владејачката партија.