Македонија 22. декември 2018. / 20:24

СДСМ: Неспособниот Мицкоски нема визија ниту план

СДСМ: Неспособниот Мицкоски нема визија ниту план

Неспособниот Мицкоски нема што да понуди пред граѓаните освен деструкција и протести за одбрана на криминалите на неговиот ментор Никола Груевски, реагираат од СДСМ на обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски нема визија за иднината на државата, нема ниту план, нема идеја за најважните прашања.

Граѓаните го гледаат сето тоа, ја гледаат разликата помеѓу неспособниот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од една и одговорната Влада предводена од СДСМ од друга страна.Од едната страна СДСМ има јасен план, државата е ставена на шини што водат до просперитет, а тоа е членство во НАТО и ЕУ,преку договорот од Преспа. Од другата страна се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со нивната безидејност, противење на западните вредности и отсуство на каква било идеја за тоа по кој пат треба да се движи Македонија.

Од едната страна светла иднина и јасна перспектива – од другата магла и темнина. Од една страна е антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои ги бранат криминалните политики  на рекет и драконски казни што ги осиромашија граѓаните. Од друга страна СДСМ создава можности, ги намалува казните за 75%, обезбедува инвестиции и повеќе пари кај граѓаните.

Граѓаните ги поразија црните, деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија оди напред кон светла и сигурна иднина во ЕУ и НАТО, стои во реакцијата на СДСМ.