Македонија 13. јули 2019. / 19:49

СДСМ: Мицкоски не може да се помири со тоа што нашата татковина успеа со Зоран Заев

СДСМ: Мицкоски не може да се помири со тоа што нашата татковина успеа со Зоран Заев

Ништо ново од антизападниот пион Христијан Хидро Мицкоски. Човекот ниту има став ниту има идеја, нема програма, едно големо ништо.Христијан Мицкоски е само глас на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој управува со партијата од Будимпешта, Никола Груевски, пишува во соопштението на СДСМ.

Мицкоски ги потврди неговите фрустрации, не може да се помири со тоа што нашата татковина успеа со Зоран Заев!За само 2 години, после 11 години загубени шанси за цели генерации, сега, со Зоран Заев, ги остваруваме врвните стратешки и национални интереси: членство во НАТО и ЕУ!Наместо упорно да го брани криминалот на режимот Мицкоски треба да честита за напредокот на земјава затоа што тоа е успех за сите наши граѓани.Мицкоски знае дека нема поддршка кај граѓаните, затоа додека СДСМ е секојдневно меѓу граѓаните ВМРО-ДПМНЕ освен од белиот дворец ги нема никаде, стои во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ додаваа дека јавноста знае дека Мицкоски најавуваше протести и оваа година, па на крај неславно завршил со Јанко Бачев и компанија.

Што се однесува до предвремени избори, Мицкоски исто вака се силеше и пред претседателските избори, па ги загуби.ВМРО ДПМНЕ ги загуби претседателските избори, а ги загуби и предвремените локални избори. Граѓаните не сакаат криминал, уназадување, изолација, туку напредок, интеграција, економски раст и развој.Оттука, бадијала се храбри, истото ќе се случи и на наредните избори, Мицкоски го чека нов пораз. Република Северна Македонија продолжува напред, стои во соопштението на СДСМ.