Владата која ја внесува Македонија во НАТО и ЕУ размислува само за економија и за реформи, Мицкоски може да размислува за сопствената оставка после поразот на изборите, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски.
На агендата на Владата предводена од СДСМ се странски инвестиции, поврат на ДДВ за физички лица, раст на плати и нова победа на следните избори. Влада која сите свои капацитети ги вложува во силна економија и која создава шанса за сите граѓани не размислува за оставка, туку за интерсите на граѓаните. Економскиот поход на Владата предводена од СДСМ го тера Мицкоски на панични партиски реакции затоа што тој размислува само за својот и за интересот на неговите антизападни ментори. После поразот на следните избори, нека размислува за сопствената оставка, истакнуваат од СДСМ.
Од СДСМ се убедени дека ќе победат на претседателските избори и на парламентарните, кога и да се одржат.