Лицемерниот Христијан Мицкоски, од една страна на граѓаните се обидува да им продаде лажна загриженост за здравјето, а од друга страна вели дека не ги знае протоколите за однесување за време на коронакризата, реагираат од СДСМ.
Мицкоски од континуиран непочитувач на мерките за заштита од Ковид 19, кои ги прекрши со одење во затворена теретана, групно качување на Водно, сега со „тајната вечера” на Боемска стана и сторител на кривични дела.Сега, судот врз основа доказите и кривичните пријави, ќе каже која е казната што треба да ја плати Христијан Мицкоски за неговото неодговорно однесување кон здравјето и животот на граѓаните.Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше и судија и полиција и сама пресудуваше и пишуваше казни, стои во реакцијатана СДСМ