Македонија 22. ноември 2018. / 15:13

СДСМ: Лага е дека Зеав ќе биде кандидат за претседател

СДСМ: Лага е дека Зеав ќе биде кандидат за претседател

„Во моментов не постојат разговори за дефинирање претседателски кандидат во органите и телата на СДСМ”, соопштуваат социјалдемократите. Партијата ги демантира објавените информации на агенцијата ИНА, преземени и од дел на интернет порталите дека премиерот Зоран Заев ќе биде претседателски кандидат на изборите наредната година.

-Разговорите не се започнати и оттука воопшто не е точно дека е дефиниран кој било за кандидат. Исто така, не е точно дека има кандидати за премиерската позиција. Станува збор за класични шпекулации кои немаат никаква врска со реалноста. Дополнително, јавноста знае, а СДСМ повторно го реафирмира, тоа не е цел на претседателот Зоран Заев, како што лажно е наведено во текстот- се вели во соопштението.

Според партијата, по промените и рушењето на режимот Македонија оди напред. Владата предводена од премиерот Зоран Заев, велат од партијата, останува посветена на економскиот напредок, на подобрување на животниот стандард на граѓаните, на зголемувањето на платите, на инвестициите, на обезбедувањето сигурна и стабилна иднина на нашата заедничка татковина како членка на НАТО и ЕУ.