Македонија 11. јуни 2020. / 10:46

СДСМ и Заев со платежната картичка вршат поткуп, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и Заев со платежната картичка вршат поткуп, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ не знае како да се справи со пандемијата и во државата се случува тотален хаос. Ниту знаат што да прават на здравствен, ниту на економски план, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ дека 324.479 граѓани добиваат домашни платежни картички.

Од партијата велат дека платежната картичка со која СДСМ се фалат е класичен поткуп.

– Знаат дека ги очекува пораз па сега на овој начин се надеваат дека ќе купат некој глас, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму апелираат наместо на поткуп, власта во оваа време што и остана да се насочи на санирање на штетите од кризата за фирмите и за работниците.