Македонија 10. март 2020. / 15:22

СДСМ и Заев ги откажаа целокупните активности во следните денови

СДСМ и Заев ги откажаа целокупните активности во следните денови

Иако земјава е во предизборие, а официјалната кампања почнува на 23 овој месец, во наредните денови се откажани сите настапи и средби на партиските функционери заради превентива од ширење на коронавирусот, соопшти генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Лидерот на партијата, Зоран Заев, исто така, ги откажал сите активности во наредните денови.

Оваа „превентивна мерка“ на СДСМ следува по вчерашниот конгрес на партијата во хотел во Скопје, на кој беа присутни повеќе стотици делегати, гости и новинари.

Од СДСМ смируваат дека при организацијата на конгресот беа почитувани сите препораки.

Делегатите пред да влезат на конгресот потпишаа изјави и дека не биле во регионите што се најмногу зафатени од новиот вирус, изјави Николовски.