Македонија 14. април 2020. / 11:37

СДСМ Гази Баба организираше кршење на полициски час и протест за време на полициски час – градоначалникот ги ослободи!

СДСМ Гази Баба организираше кршење на полициски час и протест за време на полициски час – градоначалникот ги ослободи!

Протестот во населбата Ченто откако полицијата приведе три лица поради прекршување на забраната за движење, завршија откако градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, ветил, а потоа лично се ангажирал да се ослободат приведените од полициската станица во Автокоманда.

Видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се види и слушне како градоначалникот Георгиевски ја смирува насобраната толпа велејќи им: Сега одам во полиција, момчињата се добро, заедно со началникот ги враќаме тројцата назад. Ве молам тргнете се од улицата, полициски час е!

Георгиевски на Фејсбук објасни зошто отишол да ги смирува насобраните жители.

-Точно е дека вечерва(синоќа) во населеното место Синѓелиќ дојде до нарушување на полицискиот час од поголема група на граѓани. Јас како градоначалник самоиницијативно излегов на лице место откако дознав дека нешто се случува, што е и моја обврска, со една единствена цел, да ја смирам состојбата и да се врати сѐ во нормала, без никакви дополнителни инциденти. Особено сега кога земјава и целиот свет се соочуваме со справување со корона вирус, објасни Георгиевски на Фејсбук.

Тој исто така негира дека лицата биле физички нападнати од страна на полицијата, поради што и се собрала групата.

Како причина за приведувањето на трите лица се споменува дека тие за време на полициски час поставувале т.н. лежечки полицаец на улицата. Постовите заедно со фотографиите за овој настан од Фејсбук профилот на еден од приведените набрзо беа избришани.

Фејсбук постот на Берат Весел кој подоцна беше избришан

Полицијата за време на „полицискиот час“ ги затекнала на лице место и привела советникот и претседател ОК на СДСМ во Гази Баба, Берат Весел и уште две момчиња В.М. (19) од Арачиново, С.Р. (21) од с.Синѓелиќ.

На социјалните мрежи се споделуваат и фотографии кои ја презентираат блискоста на уапсениот и двајцата други со него со врхушката на СДСМ. Слики со Радмила Шеќеринска, Стево Пендаровски и со Оливер Спасовски.

МВР најави дека против сите кои ја прекршиле забраната за движење ќе бидат преземени соодветни мерки. Казната за непочитување на полицискиот час, барем спортед секојдневните извештаи во медиумите е 2.000 евра.