Македонија 26. септември 2019. / 09:47

Санчез: Шпанскиот парламент би можел до ноември да ја заврши процедурата за ратификација за членство во НАТО

Санчез: Шпанскиот парламент би можел до ноември да ја заврши процедурата за ратификација за членство во НАТО

Шпанскиот парламент, сепак, би можел до крајот на ноември да ја заврши процедурата за ратификација на пристапниот протокол за НАТО за Северна Македонија, му рекол шпанскиот премиер Педро Санчез на премиерот Зоран Заев на вчерашната средба во Њујорк., брифираат од кабинетот на премиерот, пишува 365.

Санчез не успеа да формира влада поради што земјата ќе оди на нови избори на 10 ноември што, пак, се чинеше го прави невозможно ратификувањето на протоколот пред Самитот на НАТО во Лондон закажан за 3 и 4 декември годинава.

Ако се оствари сценариото што Санчез вчера му го кажал на Заев и ако во меѓувреме заврши ратификацијата на пристапниот протокол во сите други земји, Северна Македонија би можела на Самитот во Лондон и официјално да биде промовирана во 30-та членка на Алијансата.

Во ниедна од другите шест држави во кои не е завршена ратификацијата засега нема најави дека тоа нема да се случи до Самитот на НАТО во декември.