Македонија 04. март 2019. / 09:26

Рикер на средби во Скопје со Заев и Димитров

Рикер на средби во Скопје со Заев и Димитров

Поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија. Рикер во моментов ја извршува функцијата цивилен заменик и политички советник на командатот на Европската команда на воените сили на САД. Тој ќе биде иден американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.

Рикер попладнево ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а потоа двајцата ќе дадат изјави за медиумите. Претпладне Рикер ќе се сретне и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Во Скопје, Рикер ќе учествува на конференцијата на Маршаловиот фонд на САД. Рикер беше амбасадор на САД во Македонија од 2008 до 2011 година.