Македонија 11. ноември 2019. / 12:07

Република: Заев побарал од Сорос пари за кампања и поддршка на медиуми, а за возрат ќе пушта и населува мигранти

Република: Заев побарал од Сорос пари за кампања и поддршка на медиуми, а за возрат ќе пушта и населува мигранти

Втор ден Владата и премиерот Зоран Заев ниту потврдуваат ниту демантираат дека во Охрид се одржала тајна средба со Александар Сорос, син на контроверзниот милијардер Џорџ Сорос. Она што исто така остана неодговорено е зошто државните ресурси (обезбедување, превоз, блокирани улици, сообраќаен режим) се ставија на располагање на приватни, недипломатски лица како што се Алекс Сорос и неговите соработници Зак Грем, Лаура Силбер, Томас Обрајан и Гибсон, пишува Република.

Заев побарал од Алекс Сорос пари за финансирање кампања и поддршка на медиуми, а за возрат тој е согласен како премиер доколку се оствари најавуваниот есенски бран на мигранти, за дел од нив да обезбеди брза рута за транспорт кон северна Европа, а дел да да ги задржи во земјава и македонската влада да обезбеди простор и услови за нивно домување, пишува Република.

Инаку е познато дека Сорос е поборник за населување на мигранти на Европско тло, а воедно ова кореспондира и со тензичната атмосфера во Турција, чијшто претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна најави дека е подготвен да испорача неколку милиони мигранти кон Европа.

На истата средба во Охрид бил и албанскиот премиер Еди Рама, кој важи исто така за близок до милијардерот Сорос. Заев, наводно, од него побарал да влијае и да помогне во обезбедување на албански гласови кои ќе одат на контото на СДСМ. На ова барање, како што дознаваме, Рама наводно одговорил дека Албанците се слободни граѓани и тој тие гласови не ги држи во својот џеб, потенцирајќи дека ако се замеша, би му замериле од ДУИ. На ова неофицијално Заев дал информација дека висок полициски функционер отпатувал во Чикаго и остварил средба со Ел Чека снабдувајќи го со материјали кои во наредниот период би го компромитирале ДУИ, пишува Република.

Целиот текст на Република можете да го прочитате ТУКА.