Македонија 14. август 2018. / 11:27

Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, паѓа кај СДСМ

Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, паѓа кај СДСМ

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните расте. Најновата анкета спроведена од Институтот за политички истражување од Скопје покажува зголемување на рејтингот на партијата кај граѓаните во однос на јуни.

Ситуацијата кај СДСМ исто така е променета. Партијата ја губи поддршката кај граѓаните и се соочува со намалување на рејтингот.

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во август годинава пораснал на 25 проценти во однос на јуни годинава, додека на СДСМ паднал на 24 проценти во однос на јуни кога бележел 26.1 процент.

Според анкетата на ИПИС, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст на рејтингот и кај етничките Македонци и кај етничките Албанци, додека кај СДСМ и во двата случаи има намалување.

Доколку следната недела се одржат избори, граѓаните сметаат дека победата ќе ја однесе ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на јуни, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање пораснал за два проценти, додека СДСМ ја изгубил довербата кај граѓани за 4 проценти од анкетираните лица.