Македонија 30. август 2019. / 18:31

Расте оптимизмот за новиот Закон за ЈО, амандманот за начинот на избор на нов шеф на СЈО е најкритичен

Расте оптимизмот за новиот Закон за ЈО, амандманот за начинот на избор на нов шеф на СЈО е најкритичен

Додека се расправаше на пленарна седница, во Собранието попладнево средба одржуваа и работните групи за Законот за јавно обвинителство, пренесува Канал 5.

Законот за ЈО ќе се усвои, без да се поминат нашите црвени линии, брифираа од владејачката СДСМ, од каде се надеваат дека законот на пленарна седница ќе се најде што поскоро, а како можен датум се споменува 10 септември. Социјалдемократите се оптимисти и тврдат дека ќе се издејствува опстанок на предметите на СЈО, кое е дел од новото законско решение.

Токму денеска во Собранието повторно се состанаа работните групи од власта и опозицијата, со цел да се изнајде напредок околу надминувањето на клучните разлики, при што се разгледувале поднесените амандмани.

За Законот за ЈО поднесени беа вкупно 51 амандман, а на вчерашната расправа во Комисијата за европски прашања, со која претседава пратеникот Артан Груби, беа прифатени 10 амандмани поднесени и од власта и од опозицијата, а останува да се пеглаат разликите за уште 41 амандман.

Еден од амандманите за кои преостанува да се дискутира е и начинот за избор на нов шеф на СЈО, тема за која се очекува дебатата најдолго да трае.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не ја исклучуваат можноста и од нова лидерска средба, а за оптимизмот кај власта велат дека не се сигурни дали се темели на, како што велат, вистинските вредности кои ги предлага опозицијата.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.