Според информациите кои пристигнуваат од Штип, излезноста на вонредните избори за градоначалник на оваа општина до 15 часот изнесува 23,12 отсто.
Тоа е сериозно зголемување на процентот на излезност имајќи предвид дека до 13 часот според податоците на Државната изборна комисија, своето право на глас го искористиле 16.61 отсто од граѓаните на Штип.
Според изборниот законик, за да бидат успешни изборите во првиот круг треба да излезат најмалку една третина од избирачите запишани во Избирачкиот спсисок, што во овој случај изнесува 13,920 гласачи.
Имајќи го предвид нагорниот тренд на излезност, се зголемуваат шансите за цензусот да биде остварен, но останува да видиме дали растот ќе се задржи и во 17 часот.
На парламентарните избори, ова лето, во Штип до 15 часот гласале дури 38 отсто од граѓаните.