Македонија 29. јули 2019. / 11:47

Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се состануваат за законоите за обвинителство и за пописот

Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се состануваат за законоите за обвинителство и за пописот

Неделава ќе се состануваат работните групи на власта и опозицијата кои треба да ги усогласат ставовите околу Законот за обвинителство, но и околу најавениот попис – дознава Лидер од извор од преговорите.

Како што неофицијално дознаваме, предлог-законот за обвинителство кој беше претставен од премиерот Заев, ќе биде ставен во мирување и двете партии ќе се обидат да најдат ново законско решение.

Како што брифира нашиот извор, истото важи и за пописот.

Работните групи ќе се состанат во текот на неделава.