Македонија е една и грчка – ова е пораката која денеска планираат да ја испратат граѓаните на Грција кои ќе учествуваат на најавените масовни протестите за „Грчкиот карактер на Македонија“, според изјавите на организаторите за грчките медиуми протести се закажани паралелно во 13 градови од северна Грција.
Организаторите повикуваат без партиски, но со грчки знамиња граѓаните масовно да учествуваат во демонстрациите. „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организира протести во 13 градови, но според грчките медиуми, независно од комитетот, и во осум други градови низ Грција, самоиницијативно ќе се одржат протести.
Неофицијално, во грчките медиуми се споменува дека доколку се постигне договор за името , на денот кога ќе треба да се гласа во грчкиот парламент, ќе се организира голем протест во центарот на Атина.
Коментирајќи ги протестите, владиниот портпарол и министер без ресор на Грција, во интервју за радиото 24/7, рече дека „Владата го признава светото право на граѓаните да се мобилизираат, да протестираат, да го изразат нивното несогласување, резервираност и отфрлање на владината политика“, но додаде дека земјата има национална линија од 2008.