Македонија 22. декември 2018. / 12:02

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ денес во Прилеп во 13 часот

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ денес во Прилеп во 13 часот

ВМРО-ДПМНЕ денес организира протестен марш во Прилеп.

Според најавите од партијата, маршот ќе започне во 13 часот, а обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат сите незадоволни граѓани кои се против оваа однародена власт да се приклучат на денешниот протестен марш.