Македонија 27. март 2019. / 11:39

Припадниците на АРМ задолжително ќе учествуваат во мисии на НАТО

Припадниците на АРМ задолжително ќе учествуваат во мисии на НАТО

На единствениот национален електронски регистар е објавено дека Министерството за одбрана подготвува измени и дополнувања на Законот за одбрана со кој се допрецизираат правилата при ангажирање на македонските војници во мисиите на Алијансата.

Според истиот, учеството на припадниците на АРМ ќе биде на задолжителна основа, односно не на доброволна., а исто ќе се третира и присуството на НАТО во земјата.

– Со овој предлог на закон ќе се овозможи распоредување на припадниците на Република Северна Македонија надвор од територијата Република Северна Македонија во операции и мисии на НАТО на задолжителна основа како и непречено распоредување и транзит низ Република Северна Македонија, на силите и капацитетите на НАТО. – се вели во најавата.

Како главна цел на предлогот се наведува продолжување на реформите во одбраната на Република Северна Македонија.

Временската рамка за изготвување на законот е до 19 април