Прилепската болница е преполна. Ситуацијата полека излегува од контрола. За само една недела има 377 нови случаи на Ковид 19 и 15 мина починати.
Во ноќните смени на 30-тина болни има само по една сестра и еден болничар. Засега се вратиле 15 специјализанти, а се вработиле привремено и неколкку сестри. Но и тоа е премалку. И покрај отворениот повик за привремени вработувања никој не се пријавува, пишува телевизија Сител.
Во болницата и градоначалникот Илија Јованоски се вклучува во борбата со пандемијата. Бидејќи и самиот е лекар ќе биде дел од работата на инфективното одделение.
Ги повика и своите колеги кои можат и тие да волонтираат и да помогнат.
-Да помогнат во овој момент, затоа што на граѓаните, на општеството, на граѓаните од нашата општиина во овој момент најпотребна им е медициската услуга што ние мора да ја дадеме, затоа што никогаш не било вака алармантно, велии градоначалникот Илија Јованоски.
Целата сторија можете да ја прочитате тука.