Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, имајќи ги предвид важноста на прашањето за името и државните интереси на Македонија, ја прифаќа поканата за информативна средба иницирана од премиерот Зоран Заев закажана за утре, соопштија попладнево од кабинетот на шефот на државата.
Од таму наведуваат дека до денеска до нив „не се доставени целосни одговори на барањата упатени на 29 март 2018 година, вклучително и нацрт-текстот на билатералната спогодба за надминување на разликата околу името, доставен од Министерството за надворешни работи на Република Грција”.
„Сметаме дека на тој начин се врши селективно информирање на македонскиот претседател. Претседателот Иванов на утрешната средба очекува да биде информиран за суштината и за деталите од разговорите во процесот за надминување на разликата околу името”, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов.