Македонија

Премиерот Заев со честитка за 11 Октомври: Празнувањето на големите датуми е наша должност

Премиерот Заев со честитка за 11 Октомври: Празнувањето на големите датуми е наша должност

Премиерот Зоран Заев го честиташе Денот на народното востание.

-Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата на Република Македонија, е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато. Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание – 11 Oктомври – напиша Заев.