Македонија 27. септември 2019. / 00:36

Премиерот Заев на прием кај американскиот претседател Трамп

Премиерот Заев на прием кај американскиот претседател Трамп

Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга, Зорица Заева попладнево беа на приемот организиран од американскиот претседател Доналд Трамп во рамки на Генералното собрание на ОН.

Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од Претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк за време на ГС на ОН. Претседателот ни упати порака дека го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа. Чест е да се добие ваква поддршка од врвен лидер и креатор на глобални договори, напиша Заев.