Премиерот Зоран Заев вечерва на МТВ за потерницата распишана по екс премиерот, Никола Груевски изјави дека не верува дека тој би си дозволил да избега.
– Не верувам дека господинот Груевски би си го дозволил тоа, барем според она што тој до сега го кажал-одговори Заев.
За ова кажа дека подетални информации треба да се бараат во Министерство за внатрешни работи.
Во моментот полицијата го бара Груевски, но тој не е достапен на ниту една од локациите кои често ги посетува. Алфите во моментот се кај штабот на ВМРО-ДПМНЕ, каде се проверуваат автомобилите во гаражата.