Македонија 14. ноември 2018. / 08:57

Премиерот на Малта во официјална посета на Македонија

Премиерот на Малта во официјална посета на Македонија

Делегација на Република Малта предводена од премиерот Џозеф Мускат денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Делегацијата, со највисоки државни и воени почести, ќе биде пречекана на платото пред македонската Влада од страна на премиерот Зоран Заев.

Се очекува двајцата премиери да одржат заедничка прес-конференција во 11:40 часот во медија центарот на Владата.