Македонија 19. јуни 2018. / 11:52

„Предавник“ извикуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Димитров

„Предавник“ извикуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Димитров

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во собраниската сала пред пратеиците образложи зошто Договорот со Грција треба да биде донесен по скратена постапка.

„Повеќе од неопходно е да се донесе законот по скратена постапка, за Грција да може да го извести НАТО за пoканата. Самитот закажан за на 28-ми јуни, па овие датуми се клучни за нас. Предлагам носење на законот по скратена посташка“, рече Димитров.

Пратениците од опозицијата за време на изнесувањето на неговиот предлог извикуваа „Предавник“.

Договорот за промена на името, со кој се решава спорот меѓу Македонија и Грција, денеска е ставен во процедура за ратификација пред пратениците.