Денес, македонската јавност го виде вистинското лице на СДСМ. СДСМ продолжува на најдрзок начин да се поигрува со чувствата на стечајците и работниците. Стечајците и работниците се уверија дека токму СДСМ е проблемот, а не решението, се вели во реакцијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес СДСМ и нејзините пратеници покажаа дека не се способни да го решат проблемот со стечајците, кои всушност целата македонска јавност знае дека токму тие го создадоа огромниот број на стечајци кои беа оставени на улица со затварање на фабриките и криминалната привазитација, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека денес во Собранието на Република Македонија, на Комисијата за труд и социјална политика каде на дневен ред беше точката за утврдување на минималната плата, пратеникот од владеачкото мнозинство Самка Ибраимовски побарал дополнување на дневниот ред со законот за материјално обезбедување на стечајците, спротивно од Деловникот за работа на Собранието.
Од таму посочуваат дека доколку власта имала искрена намера и навистина сакала да го реши овој проблем, тоа можеле да го направат уште пред 10-тина дена, но тогаш без никаво известување, на Комисијата не се појави ниту еден преставник од министерството како што впрочем налага токму членот 121 ставот 2 од Деловникот за работа на Собранието, со што Комисијата и донесувањето на тој закон беше одложено.
Оттука, јасно е дека СДСМ во овој предизборен период тактизира и одолговлекува со решавање на проблемот на стечајците.
Од друга страна, како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како и тогаш, така и денес, во неколку наврати реагиравме до колегите од СДСМ, да не ја злоупотребуваат работата на Комисијата за ширење на евтин популизам и креирање на лажни вести, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
–Ние постојано апелиравме и имаме јасен и конструктивен став дека законот за материјално обезбедување на стечајците мора час поскоро да се донесе, но не по цена на кршење на Деловникот и непочитување на процедурите – нагласуваат од пратеничката група.
Тие посочуваат дека токму од тие причини, СДСМ и нејзините пратеници се единствената причина поради која што денес беше закочена работата на Комисијата за труд и социјална политика и ниту се донесе Законот за утврдување на минимална плата, ниту пак се реши проблемот со стечајците.