Македонија 16. август 2018. / 18:04

Прашај го Димитров: Министерот ќе одговара на прашања на граѓаните за Договорот со Грција и за референдумот

Прашај го Димитров: Министерот ќе одговара на прашања на граѓаните за Договорот со Грција и за референдумот

За време на гостувањето во 24 Вести, министерот за надворешни работи Никола Димитров најави одговарање на прашања од граѓаните преку социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што многу мал број граѓани целосно го прочитале Договорот од Преспа, а на социјалните мрежи се толкуваат само извадоци и издвоени членови, многумина не го разбираат целосно, смета министерот.

Токму поради тоа, Димитров најавува дека еднаш неделно ќе одговара прашања и ќе ги расчистува сите дилеми кои граѓаните ги имаат во врска со овој Договор и за референдумот. Како што најави, тоа ќе го прави преку своите профили на социјалните мрежи.