– Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ профил.
Тој информира дека во текот на прес-конференцијата, Институтот за јавно здравје потврдил уште два позитивни пациенти.
– Така што бројката наместо 16 како што соопштив на прес-конференцијата изнесува точно 18, односно по градови, Штип шест, Скопје и Велес по три, Струга два, Струмица, Дебар, Тетово и Гевгелија по еден новодијагностициран, пишува Филипче.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 145, Дебар – 46, Куманово – 21, Штип- 14, Прилеп – 8, Велес – 6, Тетово – 5, Струга- 5, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Битола – 1, Гевгелија – 1, Струмица – 1.