Македонија 18. февруари 2021. / 12:23

Постигнато е решение, матурата ќе се состои од два екстерни и еден интерен предмет

Постигнато е решение, матурата ќе се состои од два екстерни и еден интерен предмет

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција изјави дека е најдено решение за матурата. Таа ќе се состои од два екстерни испити, додека третиот ќе биде префрлен како интерен.

-Најдовме квалитетно компромисно решение со матурантите. Водиме грижа за младите луѓе и затоа им излегуваме во пресрет. Се договоривме матурата да се состои од 2 екстерни испити, додека третиот да биде префрлен како интерен, со што матурантите не би имале проблем при уписот на факултетите, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со раководството на Сојузот на средношколци.

Тој исто така истакна дека се договориле оваа година полагањето на државната матура да започне од 5-ти јуни.

-Ги охрабрувам да продолжат да бидат гласни за секое прашање од нивен интерес. Научивме многу и прифативме многу дури и од луѓе како средношколците, истакна Заев.