Македонија 12. јули 2018. / 14:17

Помошникот на Столтенберг главен преговарач од НАТО со Македонија

Помошникот на Столтенберг главен преговарач од НАТО со Македонија

Техничкиите подготовки за пристапните преговори со НАТО ќе стартуваат во текот на јули.

Во Македонија во текот на месецов ќе пристигне првиот тим од НАТО кој заедно со владата ќе ги дефинираат деталите како ќе течат пристапните преговори кои ќе стартуваат на есен.

Главен преговарач од страна на НАТО во пристапните преговори ќе биде Алваро Гонзалес, помошник на Генералниот секретар на НАТО за политички прашања.

Тимот пак од НАТО за технички подготови за преговорите ќе го предводи Џејмс Мекеј, шефот на одделот за Евроатлантско и глобално партнерство на НАТО.

Извор: Телма